ОД БРИСЕЛ НАЈАВУВААТ СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ И ДАВААТ ПОДДРШКА ЗА МИРНИТЕ ПРОТЕСТИ И ЗА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:245:"ПостојанитепроблемисовладеењетонаправотовоСкопје,коигопоткопуваатовојдоговор,морадасерешатбезпонатамошноодложување";s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ОД БРИСЕЛ НАЈАВУВААТ СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ И ДАВААТ ПОДДРШКА ЗА МИРНИТЕ ПРОТЕСТИ И ЗА НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

    Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл денеска изразија жалење што лидерската средба со челниците на четирите најголеми партии во Македонија утре нема да се одржи во Виена.

    „Средбата имаше цел да ѝ помогне на земјата да најде начин да го имплементира Договорот од Пржино, со учество на потписниците на Договорот. Постојаните проблеми со владеењето на правото во Скопје, кои го поткопуваат овој договор, мора да се решат без понатамошно одложување. Ова особено се однесува на неодамнешното помилување од претседателот и за чекорите кои се итно неопходни за подготовка на веродостојни избори, кои би можеле да бидат признаени од меѓународната заедница“, стои во заедничката изјава на еврокомесарот и на европреатениците.

    Во соопштението се наведува дека тие остануваат посветени да им помагаат на политичките партии во надминувањето на политичката криза, но оти партиите се тие кои треба да ги преземат следните чекори.

    „Длабоко жалиме за ретроградните чекори, кои уште повеќе ќе ја оддалечат земјата од нејзините аспирации за членство во Европската Унија. Во отсуство на каков било понатамошен прогрес, принудени сме да ги разгледаме понатамошните активности за да се исполнат барањата кои се јасно поставени од Европскиот совет, Европската комисија и од Европскиот парламент“, порачуваат еврокомесарот и европратениците.

    Дипломатите од Брисел им дадоа поддршка на граѓанските организации и на протестите.

    „Ние, исто така, ги земаме предвид изјавите и акциите на граѓанското општество во земјата и ја изразуваме нашата целосна поддршка за сите мирољубиви напори да се обезбеди плурализам и слобода на мислење, кои се централни вредности во сите европски демократии“, стои во заедничката реакција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари