БРИТАНСКИ ДРЖАВЈАНИН НАЈДЕН МРТОВ ВО ТОАЛЕТ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

    БРИТАНСКИ ДРЖАВЈАНИН НАЈДЕН МРТОВ ВО ТОАЛЕТ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМПочинатиот Британец бил пронајден од аеродромското обезбедување, а смртта била констатирана од страна на доктор од екипата за Итна медицинска помош. - Аеродромот „Александар Велики“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    52-годишниот британски државјанин В.М. бил утринава најден мртов во тоалет на скопскиот аеродром од страна на обезбедувањето, соопшти полицијата. Телото на починатиот Британец е дадено на обдукција по наредба на Јавен обвинител.

    „На 08.02.2018 година во 04.00 часот на Граничен премин Аеродром ‘Александар Велики’ – Скопје, од страна на обезбедувањето на аеродромот, во тоалетот, бил пронајден В.M. (52) од Велика Британија, кој не давал знаци на живот. Смртта била констатирана од страна на доктор од екипата за Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција“, соопшти МВР.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира