БРОЈКАТА НА НОВИ КОВИД ПОЗИТИВНИ НАМАЛЕНА ЗА 28 ОТСТО ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    БРОЈКАТА НА НОВИ КОВИД ПОЗИТИВНИ НАМАЛЕНА ЗА 28 ОТСТО ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕНајголем дел од регистрираните случаи од 18 до 24 јануари се од Скопје, 851. (Фото: К. Попов)

    Бројката на нови позитивни случаи на ковид-19 во земјава во периодот од 18 до 24 јануари е намалена за 28 отсто во споредба со претходната недела, т. е. регистрирани се 1.727 нови позитивни случаи од 34 градови, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од 18 до 24 јануари тестирани се вкупно 11.036 материјали во лабораториите, што е  намалување од 21,8% во однос на минатата недела.

    Пријавени се 69 смртни случаи од 23 града, со намалување од 12,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лица биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 2 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (851; 49,3%), со неделна инциденца – 137,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 190,5/100.000 е регистрирана во Кавадарци.

    Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 19%, или во просек 14%, што претставува намалување од 2% во однос на минатата недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (507, 29,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (299; 17,3%), 50-59 (298; 17,3%), 30-39 (287; 16,6%), и 20-29 (231; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (32; 1,9%) и 10-19 години (73; 4,2%).

    По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.084 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 12,1% помалку во споредба со минатата недела.

    Од почетокот на коронакризата во земјава се дијагностицирани 90.717, оздравени се 78.727, починаа 2.791, а активни случаи се 9.199.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира