БРЗА ПРОМЕНА НА МИНИСТРИТЕ ЗА ПРАВДА НЕ Е НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ, НО НЕ СУМ ОПТОВАРЕН СО ТОА ДАЛИ ЌЕ МЕ СМЕНАТ, КАЖА ТУПАНЧЕСКИ ВО ШТИП

    БРЗА ПРОМЕНА НА МИНИСТРИТЕ ЗА ПРАВДА НЕ Е НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ, НО НЕ СУМ ОПТОВАРЕН СО ТОА ДАЛИ ЌЕ МЕ СМЕНАТ, КАЖА ТУПАНЧЕСКИ ВО ШТИПАпелациониот и Основниот суд во Штип и обвинителствата во овој град имаат сериозни проблеми со недостиг на кадар, па затоа мора итно да се решава овој акутен проблем за да нема застарување на делата. (Фото: СДК.МК)

    „Во разговорот што го имав со претседателите на Апелациониот и на Основниот суд Штип, како и со Вишиот и Основниот јавен обвинител од овој град, дојдовме до заеднички заклучок дека мора под итно да се решаваат акутните и сите актуелни проблеми со кои се соочува Апелационото подрачје Штип, пред сè со кадар затоа што наскоро штипските судови и обвинителства ќе останат без голем број судии и обвинители. Ако до крајот на годината не се реши овој проблем ќе се влезе во период на сериознa реалност во врска со заостанување и застарување на голем број предмети“, рече министерот за правда Никола Тупанчески, кој денеска имаше разговор и со професори и студенти на Правниот факултет во Штип.

    Во врска со најавите дека најновите коалицирања можно е да предизвикаат реконструкции и во неговото министерство, Тупанчески вели дека воопшто не е оптоварен со политичкиот развој, затоа што за него важно било до последниот ден да работат на заокружување на започнатите проекти што ги зацртале за развој на правосудството и дека неговото министерство е само едно од министерствата кои се ставени на берза во однос на некакви рокади.

    „Не сакам да го коментирам политичкиот и партискиот контекст, но дефинитивно сме министерство кое може да се пофали со остварените резултати. Брзата промена на министри не сум сигурен дека е најдоброто решение, но не зависи се од Министерството за правда, зашто многу работи зависат од други фактори кои не се поврзани со министерството“, рече Тупанчески.

    Што се однесува за прекршочната постапка што ја покренала Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во врска со бугарските клубови во Македонија, Тупанчески рече дека тие како министерство имаат став, но чекаат и официјално да ја добијат пријавата. За степенот на корупцијата смета дека има подобрување за две места, но дека тоа воопшто не е доволно и дека мора многу повеќе да се работи на овој план.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира