БРЗИТЕ КОВИД ТЕСТОВИ ГИ ЗАКАЖУВА МАТИЧЕН ЛЕКАР ПРЕКУ МОЈ ТЕРМИН, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    БРЗИТЕ КОВИД ТЕСТОВИ ГИ ЗАКАЖУВА МАТИЧЕН ЛЕКАР ПРЕКУ МОЈ ТЕРМИН, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОТестирања се вршат во Поликлиника Ѓорче Петров, Поликлиника Чаир, Поликлиника Ченто, Поликлиника Бит Пазар, Поликлиника Јане Сандански и Поликлиника Млин Балкан; - Пунктот во Ѓорче Петров. (Фото: К. Попов )

    Брзите тестови за ковид-19 кои се достапни на шест пункта во Скопје, ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам преку Мој термин, а еден од критериумите е симптомите на ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето. Од Министерството за здравство велат дека тестирања со брзи антигенски тестови се вршат во: Поликлиника Ѓорче Петров, Поликлиника Чаир, Поликлиника Ченто, Поликлиника Бит Пазар, Поликлиника Јане Сандански и Поликлиника Млин Балкан.

    „Овие тестови се за детектирање на вирусот ковид-19, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути“, велат од Министерството.

    Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на Светската здравствена организација (СЗО), а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациетот ќе му се земе брис за ПЦР- тест или за антигенски брз тест.

    „Мора да се напомене дека и доколку брзиот тест е негативен, но симптомите сугерираат на ковид-19 тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест“, вели МЗ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира