БУГАРИЈА ЌЕ ГИ НАТЕРА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ДА СИ БАРААТ АЛТЕРНАТИВИ, ВЕЛИ ЖОСЕП БОРЕЛ, ПРЕТСТАВНИКОТ НА ЕУ ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

    БУГАРИЈА ЌЕ ГИ НАТЕРА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ДА СИ БАРААТ АЛТЕРНАТИВИ, ВЕЛИ ЖОСЕП БОРЕЛ, ПРЕТСТАВНИКОТ НА ЕУ ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКАЖосеп Борел со македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров. (архивска фотографија)

    Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел ја повика Бугарија да покаже поголема флексибилност во врска со јазичниот спор со Северна Македонија, поради кој земјата не може да ги почне пристапните преговори со ЕУ, објави „Дојче Веле на македонски“.

    Борел вели дека Северна Македонија и Албанија си ја завршиле домашната задача и се подготвени за преговарачкиот процес. Тој предупреди дека со тоа што Бугарија ги блокира овие две земји, доведе до состојба на негодување и разочараност, која тие ја нарекуваат згаснување на пламенот.

    „Западниот Балкан западна во еден своевиден песимизам, разочараност од реалните перспективи за проширувањето на ЕУ. Фактот дека тој јазичен спор со Бугарија; не знам дали е тука бугарскиот амбасадор; но секако мислам дека Бугарија треба да покаже поголема флексибилност во врска со овој проблем, е пречка да се отворат преговорите не само со Северна Македонија, туку и со Албанија, а тие две држави си ја завршија домашната работа и се подготвени за преговарачкиот процес што би можел да вроди со резултат на кус рок“, рече Борел форумот Нова економија во Мадрид.

    Шефот на европската дипломатија предупреди дека земјите од регионот на Западен Балкан ќе почнат да размислуваат за алтернативи на членството во ЕУ.

    „Бугарија, парализирајќи им го процесот на двете земји, зашто рековме дека одат во пакет, доведе до една состојба на негодување и разочараност поради недостатокот од перспектива и нешто што ние го нарекуваме ’згаснување на пламенот’. Сето ова може да ги натера земјите од регионот да почнат да размислуваат и за алтернативи. Кога во претходниот дел од обраќањето зборував за разни типологии на неутралност – за земји кои решаваат да се неутрални, односно да не заземаат ниту една страна и да играат со сите страни – ако продолжиме вака, ќе почнеме да гледаме вакви држави на Балканот,“ предупреди Борел.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира