БУГАРИЈА ГО ПОЗДРАВИ БРКАЊЕТО НА ЗОРАН ИВАНОВ ОД МИА

    БУГАРИЈА ГО ПОЗДРАВИ БРКАЊЕТО НА ЗОРАН ИВАНОВ ОД МИАБугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за шпанската агенција ЕФЕ кажа дека Македонија треба да го следи примерот на Аргентина и Чиле, за кои вели дека не се помалку Аргентинци или Чилеанци само затоа што зборуваат шпански. (Фото: Фејсбук)

    Во бугарското Министерство за надворешни работи денеска беше поканет македонскиот в.д. амбасадор во Софија Владимир Крстевски и на средбата бугарската страна ја поздрави брзата реакција на властите во Скопје во врска со говорот на омраза против бугарски министер, како и во случајот со палењето на бугарското знаме, соопшти бугарското МНР на Фејсбук.

    Станува збор за новинарот Зоран Иванов, кого Владата го разреши од функцијата претседател и член на надзорниот одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради неговиот статус на Фејсбук дека бугарската министерка Екатерина Захариева е „фригидна кучка“. Од Владата соопштија дека Иванов е разрешен на иницијатива на премиерот Зоран Заев поради ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија. За видеото од социјалните мрежи со запалено бугарско знаме, од македонското МНР веднаш реагираа со осуда и го нарекоа „евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави, како и да се нанесе штета на угледот на Република Северна Македонија“.

    На денешната средба во бугарското МНР, на Крстевски му било кажано дека Бугарија очекува брза реакција од македонските власти и за објавените податоци на Фејсбук за граѓани со бугарско државјанство кои живеат во Македонија.

    Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, исто така денеска, во интервју за шпанската агенција ЕФЕ кажа дека Македонија треба да го следи примерот на Аргентина и Чиле.

    „Фактот што Аргентинците и Чилеанците зборуваат шпански не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот што тие имаат општа историја до еден даден момент не им го намалува суверенитет денес. Напротив, ги зближува“, вели Захариева, додавајќи дека Шпанија е најголем поддржувач во ЕУ на земјите од Латинска Америка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира