БУГАРИЈА ОД 19 ЈАНУАРИ ЌЕ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ ЗА ТУРИСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ БРАН НА КОВИД-19

    БУГАРИЈА ОД 19 ЈАНУАРИ ЌЕ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ ЗА ТУРИСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ БРАН НА КОВИД-19Се ограничува влезот за сите несуштински патувања во земјата, со исклучок за медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со регулиран престој, делегации. (Фото: СДК.МК)

    Поради влошената епидемиолошка ситуација со ковид-19, од 19 јануари Бугарија ќе забрани влез за туристички патувања од Македонија. Се ограничува влезот за сите несуштински патувања во земјата, со исклучок за медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со регулиран престој, делегации.

    Лицата кои се исклучоци од забраната, ќе може да влезат само со сертификат за вакцинација или прележана болест и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети, сега и тие ќе треба да ги приложуваат истите документи при влез. За непочитување на правилата, следува десетдневен карантин.

    Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) предупреди дека при планирано патување во Бугарија од 19 јануари па натаму, треба внимателно да се следат официјалните објави од бугарското МНР, за да патниците не се доведат во ситуација да бидат вратени од пограничните власти.

    МНР вели дека прави напори Бугарија да го замени постојното решение и пред 19 јануари очекува нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат и за таканареченините неесенцијални потреби, и тоа со доказ за вакцинација, прелжаност или негативен ПЦР тест.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира