ЧЕТИРИ ЛИЦА ОД ДЕБАР И 54-ГОДИШНА ЖЕНА ВРАТЕНА ОД ХОЛАНДИЈА СЕ НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

    ЧЕТИРИ ЛИЦА ОД ДЕБАР И 54-ГОДИШНА ЖЕНА ВРАТЕНА ОД ХОЛАНДИЈА СЕ НОВИ ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСОд регионите во Дебар и Центар Жупа може да излезат само луѓето за кои е индицирано болничко лекување и тоа со специјална дозвола од болницата во Дебар. (Фото: ДЗС)

    Четири лица од Дебар и педесет и четиригодишна жена која се вратила од Холандија преку Виена се нови пациенти позитивни на коронавирус, објави министерот за здравство Венко Филипче. Во земјава до сега има регистрирано 23 лица заразени од коронавирус.

    „Таа се вратила од Холандија помеѓу 12 и 13 март, развила симптоми еден ден претходно и денеска се јавила на преглед на Инфективната клиника во Скопје. Таа била во домашна самоизолација, најдени се членовите на фамилијата, како и возачот на такси-возилото со кое дошла од аеродромот, а се бараат и 31 лице кои се вратиле со неа од Виена“, рече Филипче.

    Уште четворица други од контактите од Дебар се позитивни и ќе продолжат да се лечат во Дебар.

    Во приватната болница „Жан Митрев“ се јавиле две лица со симптоми на грип, и тестовите таму се позитивни, но, рече Филипче, заради усогласување со Инфективната клиника, резултатите ќе бидат повторени во нивната лабораторија.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира