ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ, БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ПОРАСНА НА 31

    ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ, БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ПОРАСНА НА 31Докторот од Дебар Арбен Аголи попладнево на Фејсбук објави дека персоналот е позитивен на коронавирус и оти амбулантата ќе биде во карантин следните две недели. (Фото: Фејсбук)

    Пет нови случаи се позитивни за коронавирус, со што вкупната бројка на заразени во државава стигна до 31, соопшти Министерството за здравство. Попладнево биле тестирани 10 пациенти, а пет од се позитивни.

    „Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар“, велат од Министерството и додаваат дека повеќе информации ќе има по седницата на Владата.

    Докторот од Дебар Арбен Аголи попладнево на Фејсбук објави дека персоналот е позитивен на коронавирус и оти амбулантата ќе биде во карантин следните две недели.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира