ЧЕТВОРИЦА МРТВИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ВИЕНА, УБИЕНИОТ НАПАЃАЧ БИЛ СИМПАТИЗЕР НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА

    ЧЕТВОРИЦА МРТВИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ВИЕНА, УБИЕНИОТ НАПАЃАЧ БИЛ СИМПАТИЗЕР НА ИСЛАМСКА ДРЖАВАПолицијата сѐ уште утврдува колку напаѓачи учествувале во пукањето (Фото: Гети)

    Австриската полиција и натаму трага по најмалку еден учесник во синоќешното пукање во центарот на Виена, што канцеларот Себастијан Курц го опиша како терористички напад. Досега е потврдено дека има четворица мртви, вклучувајќи еден напаѓач, а 17 лица се повредени од кои 7 се во критична состојба.

    Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека во пукањето загинале двајца мажи и една жена. Полицијата убила еден од напаѓачите, кој носел автоматска пушка и лажен елек со експлозив. Нехамер го опиша убиениот како исламистички терорист.

    „Напаѓачот бил симпатизер на Исламска држава. Полицијата изврши претрес во неговиот дом и заплени видеоматеријали“, изјави Нехамер.

    Првите истрели биле испукани синоќа во 20 часот во прометна улица во центарот на градот, а пукања имало на шест различни локации. Нехамер кажа дека сите локации се во непосредна близина на улицата во која што се наоѓа централната синагога, во која во тој период немало луѓе. Меѓу повредените е и чуварот на синагогата.

    Полицијата сѐ уште утврдува колку напаѓачи учествувале во пукањето и не ги потврди претходните информации дека едно лице е уапсено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира