Полицијата по обезбедениот судски налог за претрес во домот на судијата Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет, денеска не го нашла дома. Според информациите од Обвинителството за организиран криминал, се смета дека Теофиловски е недостапен на органите на прогонот и најверојатно за него ќе биде распишана интерна, а можеби и меѓународна потерница.
Теофиловски е првоосомничен во истрагата заедно со уште 7 лица од Општина Тетово за нелегална приватизација и легализација на атрактивно зејмиште вo Тетово, со што државата е оштетена за 860.000 евра.
Обвинителот што постапува по предметот во текот на денот до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд ќе достави предлог за определување мерка притвор за шест осомничени и мерки на претпазливост за две осомничени лица, соопшти претпладнево ОЈО за организиран криминал и корупција.
- ПОЛИЦИЈАТА ГО БАРА ДА ГО ПРИВЕДЕ ЧЛЕНОТ НА СУДСКИ СОВЕТ ЗОРАН ТЕОФИЛОВСКИ ЗА НЕЗАКОНСКО ПРИВАТИЗИРАЊЕ ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ, ПЕТМИНА ВЕЌЕ СЕ ПРИВЕДЕНИ
- ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ БАРА ПРИТВОР ЗА СУДИЈАТА ТЕОФИЛОВСКИ, ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ, ДРЖАВАТА ЈА ОШТЕТИЛ ЗА 860.000 ЕВРА
С. К. ДЕЛЕВСКА