ЧОВЕЧКИ Е ДА СЕ ЗГРЕШИ, НО АКО ГРЕШКАТА Е НАМЕРНА ЌЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ, РЕЧЕ БЕКТЕШИ ЗА ФОТОГРАФИЈАТА ОД ЕЗЕРО ВО ГЕРМАНИЈА

    ЧОВЕЧКИ Е ДА СЕ ЗГРЕШИ, НО АКО ГРЕШКАТА Е НАМЕРНА ЌЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ, РЕЧЕ БЕКТЕШИ ЗА ФОТОГРАФИЈАТА ОД ЕЗЕРО ВО ГЕРМАНИЈАНа денешната прес-конференција Бекреши одговарајќи на новинарско прашање рече дека на секого може да му се случи да згреши, и рече дека вработените од секторот за туризам ја направиле платформата само за десет дена и секој ден одговарале на 30.000 мејлови пристигнати од граѓаните. (Фото: СДК.МК)

    Ако грешката со фотографијата од германското езеро Кенигсе е намерна, ќе има одговорност, кажа министерот за економија Крешник Бектеши, по лапсузот направен на платформата за ваучери за годишен одмор „Дома си е дома“.

    На денешната прес-конференција Бектеши одговарајќи на новинарско прашање рече дека на секого може да му се случи да згреши, и рече дека вработените од секторот за туризам ја направиле платформата само за десет дена и секој ден одговарале на 30.000 мејлови пристигнати од граѓаните.

    „За фотографијата веќе се извинивме, а за грешката ќе ги разгледаме сите можности и ако е намерна, ќе има одговорност. Секторот има знаење и работи професионално, а грешки може да се случат. Да не ја гледаме само негативата, туку и позитивната страна. Ги знам луѓето кои раководат со него и не би се согласил дека некој од нив знае или не постапува согласно задачите што ги има. Токму овој Сектор е заслужен за многуте програми во претходните години кои резултираа со зголемен број странски и домашни туристи, рече Бектеши.

    Бектеши кажа дека симболиката била да се даде пример, но истовремено и порака дека иако немаме море во нашата држава, имаме планини, езеро. Фотографијата е веќе сменета.

    „Во моментот работиме на дополнителни фотографии од нашите туристички дестинации, а годинава ќе имаме прилика и речиси неделно да ги менуваме фотографиите“, додаде Бектеши.
    Ваучери за годишен одмор на 6.000 денари ќе добијат 117.000 вработени граѓани кои имаат месечни приходи до 14.500 денари. Покрај ваучерот ќе добијат и платежна картичка од 3.000 денари која може да се користи во угостителски објекти.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира