ЧУВАЈТЕ СЕ ОД РУСИЈА И КИНА, РЕЧЕ ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ПОМПЕО ВО ОХРИД

    ЧУВАЈТЕ СЕ ОД РУСИЈА И КИНА, РЕЧЕ ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ПОМПЕО ВО ОХРИД„Борбата против корупцијата е од клучна важност како за членството во НАТО и ЕУ, така и за вашите граѓани“, - Мајк Помпео со сопругата на Охридскиот аеродром (Фото: Ѓ. Личовски)

    Државниот секретар на САД Мајк Помпео ги предупреди граѓаните на Северна Македонија да внимаваат на руското влијание и на кинеската технологија. Тој во Охрид, каде што се сретна со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев најави дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО „со што и формално ќе ви посакаме добредојде во Алијансата“.

    „Срцата и умовите на граѓаните на Северна Македонија треба да ја водат државата напред, а не руските ботови на социјалните медиуми. Би сакал да ве предупредам и за учеството на Кина во полето на чувствителните технологии и нивната стратегија на подмитување при обезбедувањето на зделките“, изјави Помпео.

    Тој ги поздрави Договорот од Преспа и Спогодбата за добрососедство со Бугарија и рече дека мора да продолжи борбата против корупцијата и напорите да се спроведува владеење на правото.

    „Како водечка демократија во светот САД ги поддржуваат државите кои се борат за владеење на правото, а борбата против корупцијата е од клучна важност како за членството во НАТО и ЕУ, така и за вашите граѓани“, рече тој.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира