Д-Р АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ ОД ОРТОПЕДИЈА Е НОВ ДИРЕКТОР НА ТОАРИЛУЦ

    Д-Р АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ ОД ОРТОПЕДИЈА Е НОВ ДИРЕКТОР НА ТОАРИЛУЦЗа директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) д-р Трајановски доаѓа на местото на д-р Илир Хасани, кој неодамна беше назначен за заменик-министер за здравсто. (Фото: Министерство за здравство)

    Доктор Александар Трајановски е нов директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), соопшти Министерството за здравсто. Д-р Трајановски доаѓа на местото на д-р Илир Хасани, кој неодамна беше назначен за заменик-министер за здравство.

    Д-р Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011.  Дипломирал во 2006 на Медицинскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2012  завршува специјализација по ортопедија, а во 2019  ја завршува и субспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет.

    Новиот директор на ТОАРИЛУЦ д-р Трајановски се едуцирал и на Универзитетскиот Клинички центар во Љубљана, Словенија, и во болницата Аџибадем Истанбул, Турција. Д-р. Трајановски е учесник во научни проекти, автор и коавтор на повеќе научни публикации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира