ДА СЕ УКИНЕ НОСЕЊЕ МАСКИ ВО ЗАТВОРЕНО, ОДЛУЧИ И КРИЗНИОТ ШТАБ, ТРЕБА ДА РЕШИ ВЛАДАТА

    ДА СЕ УКИНЕ НОСЕЊЕ МАСКИ ВО ЗАТВОРЕНО, ОДЛУЧИ И КРИЗНИОТ ШТАБ, ТРЕБА ДА РЕШИ ВЛАДАТАМаски ќе се носат само во јавниот и такси превоз, здравствените установи, аптеките и домовите за стари лица. (Фото: СДК.МК)

    Кризниот штаб на Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се укине носење маски во затворен простор. Исклучок ќе биде јавниот и такси превоз, здравствените установи, аптеките и домовите за стари лица. Одлуката треба да помине и на седница на Влада, односно за укинување на оваа мерка за заштита од ковид-19 ќе се расправа на следната владина седница.

    Меѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до Кризниот штаб се и укинувањето на обврската за носење маски на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира