ДАВАМЕ МОЖНОСТ ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ПОПИШАТ И ВО ОПШТИНИТЕ, НО НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕМА ДА ДОЈДЕМЕ ДОМА, ВЕЛИ СИМОВСКИ

    ДАВАМЕ МОЖНОСТ ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ПОПИШАТ И ВО ОПШТИНИТЕ, НО НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕМА ДА ДОЈДЕМЕ ДОМА, ВЕЛИ СИМОВСКИДосега се попишани 1.460.552 граѓани, 455.478 домаќинства и 632.742 станови.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Даваме можност и замолуваме оние граѓани кои можат да појдат да се попишат во Општината, вели директорот на Заводот за статитстика Апостол Симовски.

    Граѓани кои уште не се попишани реагираат дека добиле ливчиња од пописните комисии да одат да се попишат во Општината. Директорот Симовски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека тоа е само во семејствата и домовите каде попишувачите веќе биле и не нашле никој дома за ги попишат.

    „Дадовме можност оние кои не сме ги нашле дома да одат во Општината и во пунктот отворен таму да се попишат. Кај оние домаќинства кај што попишувачите не дошле секако дека ќе дојдат. Но, никој не мора да оди во Општината ако не сака, попишувачите ќе дојдат дома, само замолуваме ако се во можност тоа да го направат и во Општината“, вели Симовски.

    Досега се попишани 1.460.552 граѓани, 455.478 домаќинства и 632.742 станови. Пописот ќе трае до 30 септември, а Симовски уверува дека ќе бидат попишани сите граѓани.

    „Апсолутно има време да се спроведе пописот, па имаме уште пет дена. Сите граѓани ќе бидат попишани“, вели Симовски.

    Добиените податоци од Заводот за статистика најавуваат дека ќе бидат објавени најдоцна во јануари 2022, иако според Законот за Попис, Заводот има обврска да ги објави податоците 6 месеци по завршувањето на теренските активности.

    Според податоците од последниот Попис во 2002 година, Македонија има 2.022.547 жители, што е за 3.9% повеќе во однос на Пописот од 1994 и 43.0% повеќе во однос на Пописот од 1948.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира