ДЕДОТО НА БОКИ 13 БИЛ ПРВ ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА, КАДЕ ШТО ТОЈ Е СЕГА Е ВО ПРИТВОР

    ДЕДОТО НА БОКИ 13 БИЛ ПРВ ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА, КАДЕ ШТО ТОЈ Е СЕГА Е ВО ПРИТВОРБојан Јовановски-Боки 13 една година е во притвор во затворот во Шутка како првообвинет во случаите „Рекет“ и за измамата со неговата организација Меѓународен сојуз; - Од претходното рочиште за Меѓународен сојуз. (Фото: К. Попов)

    Дедото на првообвинетиот за измамата со Меѓународниот сојуз Бојан Јовановски-Боки 13 бил партизан, работел во полиција и бил прв директор на истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, каде што е Боки 13 е во притвор една година.

    Противејќи се на обвинението на обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска во целост, адвокатот Сашо Дуковски посебно се задржа на таткото на Боки 13, Миле Јовановски, кој во овој процес е обвинет за перење пари, но и за недозволено држење на оружје во домот.

    „Не знам откај 3 пиштоли биле најдени кај Миле Јовановски. Добро знае обвинителката дека едниот е неисправен, а другиот е трофеј, сопственост на покојниот татко на Миле, кој цел живот бил партизан, работел во полиција, а бил еден од првите, ако не и прв директор на истражниот затвор во Шутка”, рече адвокатот.

    За Миле Јовановски кажа дека во животот на мравка немал згазено.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира