ДЕМОНСТРАНТИТЕ БЕЗ БОЈОСУВАЊЕ СИГНАА ПРЕД СОБРАНИЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ БЕЗ БОЈОСУВАЊЕ СИГНАА ПРЕД СОБРАНИЕ

    И вечерва скопјани масовно излегоа на протсет. Застанаа пред Собрание каде организаторите од „Протестирам“ најавија говори. Минрно, без бојосување демонстрантите поминаа покрај Министерството за првда и Порта Македонија.

    Во тек се говорите на организаторите.

    Денес е петнаесеттиот ден од почетокот на демонстрациите организирани од граѓанската организација „Протестирам“. Граѓаните бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира