ДЕМОНСТРАНТИТЕ ИСКРШИЛЕ КАФУЛЕ И ФРЛИЛЕ СОЛЗАВЕЦ ВРЗ ГОСТИТЕ, А ЗАПАЛИЛЕ И КОМБЕ, ВЕЛАТ ОД МВР

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ИСКРШИЛЕ КАФУЛЕ И ФРЛИЛЕ СОЛЗАВЕЦ ВРЗ ГОСТИТЕ, А ЗАПАЛИЛЕ И КОМБЕ, ВЕЛАТ ОД МВРДосега се приведи 26 лица кои учествувале во немирите пред Собранието. - Семафорот кој вчера беше скршен денеска е поправен. (Фото: СДК.МК)

    Околу 50 демонстранти вчера искршиле кафуле на плоштадот Македонија во Скопје и фрлиле солзавец врз гостите, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Како што стои во соопштението на МВР во текот на вчерашниот јавен собир, дел од демонстрантите, од кои голем број биле маскирани, насилно ја турнале заштитната ограда и фрлале на камења, пиротехнички средства и други предмети кон зградата на Собранието и полицискиот кордон, обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Потоа околу 21.30 часот педесетина демонстранти движејќи се во група од пред Собранието се упатиле кон плоштадот Македонија и насилно влегле во два угостителски објекти.

    „Демонстрантите искршиле дел од инвентарот и предизвикале паника и страв кај присутните гости, а во еден објект врз гостите фрлиле солзавец. Во близина на хотелот ’Холидеј ин‘‚ запалено е комбе Фиат, а огнот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита“, велат од МВР.

    Досега полицијата привела 26 лица кои учествувале во немирите. Повредени се 10 полицајци и седум граѓани.

    Од Министерството велат дека новинарот на порталот „Инфомакс“ бил однесен во полициска станица бидејќи за време на протестот и немирите одбивал да се легитимира и давал отпор. По утврдување на неговиот идентитет во полициската станица бил пуштен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира