ДЕНЕС И УТРЕ НЕВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И ГРМЕЖИ

    ДЕНЕС И УТРЕ НЕВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И ГРМЕЖИОд Управата за хидрометеоролошки работи велат дека во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува невреме со обилен пороен дожд и тоа на над 30 литри на метар квадратен, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Под влијание на циклонска активност, од денеска па до крајот на неделава следува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува невреме со обилен пороен дожд и тоа на над 30 литри на метар квадратен, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Температурите ќе се движат од 12 до 28 степени.

    „В петок и сабота ќе времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер. Постепено стабилизирање ќе има од недела, кога ќе се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурите ќе се движат до 34 степени“, велат од УХМР.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира