ДЕНЕШНИТЕ БРОЈКИ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 СЕ ЗАГРИЖУВАЧКИ, НАПИША ОСМАНИ НА ФЕЈСБУК

    ДЕНЕШНИТЕ БРОЈКИ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 СЕ ЗАГРИЖУВАЧКИ, НАПИША ОСМАНИ НА ФЕЈСБУК„Ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не верувајте во теориите на заговор“, напиша Османи на фејсбук. (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот Бујар Османи утрово на својот Фејсбук профил напиша дека денешните бројки на новодијагностицирани со КОВИД-19 се загрижувачки. Османи им сугерираше на граѓаните дека шансите да се позитивни на КОВИД-19 се големи и дека вирусот навистина постои, не е теорија на заговор.

    „Денес бројот е уште позагрижувачки. Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не верувајте во теориите на заговор, маската го намалува преносот за 79 проценти, не биди причина за смртта на најблиските“, напиша Османи.

    Вчера во земјава беа регистрирани 62 новозаболени пациенти, и двајца починати.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира