ДЕНЕСКА ПРОДОЛЖУВА СЕДНИЦАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИ

    ДЕНЕСКА ПРОДОЛЖУВА СЕДНИЦАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗВРЛЕВСКИЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не присуствува на седницата за разрешување на Зврлевски - пратениците Илија Димовски и Петре Шилегов (Фото: СДК.МК)

    Маратонската седница за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски продолжува во 12 часот. Синоќа таа траеше до околу 22 часот, во тензична атмосфера и со инцидент, поради кој претседателот на Собранието Талат Џафери беше принуден да ја повика собраниската полиција да му го чува пултот на кој и седи и претседава.

    До инцидентот дојде која Илија Димовски, еден од 10.те координатори на пратениците на ВМРО -ДПМНЕ дојде до Џафери и му ја извади електронската картичка. Нервозни, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја окупираа собраниската говорница. Џафери повика собраниско обезбедување да му ја чува, како што рече, картичката и смирено ја продолжи седницата. Им кажа да не очекуваат од него дека ќе ги исфрла од Собранието како што тоа им го направи неговиот претходник Трајко Вељаноски на пратениците од тогашната опозиција од СДСМ, но дека секогаш кога ќе посегнат по неговата картичка, ќе го вика собраниското обезбедување да интервенира.

    Откако е почната седницата за разрешувањето, пред скоро месец ипол, пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не присуствува. Тој од надвор ги следи репликите и зборењето на неговите пратеници сами со себе, како и сè почестите инциденти што ги прават во Собранието, особено откако Апелациониот суд Скопје ги прифати бомбите од прислушуваните разговори како доказ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира