Клиниката за детски болести денес доби донација од два апарати за механичка вентилација на пациенти во домашни услови. Директорката на Клиниката д-р Катерина Ставриќ кажа дека овие апарати се за пациентите со церебрална парализа и разни невролошки нарушувања, на кои им е потребна долготрајно лекување во болнички услови. Таа рече дека сега место во болница терапијата ќе може да ја добиваат во домашни услови.
„Сега ќе следи период на обука и на медицинскиот персонал и на родителите на децата и се надеваме дека на овој начин ќе им ја олесниме состојбата“, рече д-р Ставриќ.
Апаратите се донација од спортските обложувалници „Моцарт“, а еден ваков апарат чини 550.000 денари.
Е. БОЧВАРОСКА