ОБЛОЖУВАЛНИЦА ПОДАРИ АПАРАТИ ЗА ВЕШТАЧКО ДИШЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА

    ОБЛОЖУВАЛНИЦА ПОДАРИ АПАРАТИ ЗА ВЕШТАЧКО ДИШЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКАСо апаратите ќе им се олесни лекувањето на терминално болните пациенти; - Од примопредавањето на донацијата (Фото: СДК.МК)

    Клиниката за детски болести денес доби донација од два апарати за механичка вентилација на пациенти во домашни услови. Директорката на Клиниката д-р Катерина Ставриќ кажа дека овие апарати се за пациентите со церебрална парализа и разни невролошки нарушувања, на кои им е потребна долготрајно лекување во болнички услови. Таа рече дека сега место во болница терапијата ќе може да ја добиваат во домашни услови.

    „Сега ќе следи период на обука и на медицинскиот персонал и на родителите на децата и се надеваме дека на овој начин ќе им ја олесниме состојбата“, рече д-р Ставриќ.

    Апаратите се донација од спортските обложувалници „Моцарт“, а еден ваков апарат чини 550.000 денари.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари