ДЕВЕДЕСЕТ ЛИЦА СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА ОТКАКО БИЛЕ ВО КОНТАКТ СО ДИРЕКТОРКАТА НА КЛИНИКАТА ЗА КОЖНИ БОЛЕСТИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ДЕВЕДЕСЕТ ЛИЦА СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА ОТКАКО БИЛЕ ВО КОНТАКТ СО ДИРЕКТОРКАТА НА КЛИНИКАТА ЗА КОЖНИ БОЛЕСТИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ„Иако се сите со различен степен на ризик, сметаме дека треба да се преземе оваа мерка“, рече министерот за здравство Венко Филипче. (Фото: K. Попов )

    Шеесет и четири вработени лица на Клиниката за кожни болести, 11 пациенти кои биле хоспитализирани и 13 пациенти кои се лекувале во дневната болница во клиниката се во 14 дневна изолација, откако биле во контакт со директорката која е заболена од коронавирус, рече министерот за здравство Венко Филипче. Клиниката е затворена.

    „Иако се сите со различен степен на ризик, сметаме дека треба да се преземе оваа мерка“, рече тој.

    Во домашна изолација се и двајца членови на нејзиното семејство.

    Викендов се одржал симпозиум за дерматовенеролози во Скопје, на кој присуствувале 103 лица. На тој симпозиум била и зарзаената директорка. Бидејќи таму биле и сите доктори од дерматовенеролошкото одделение во Штип, и одделението во штипската болница ќе биде затворено. Имало и тројца доктори од Грција.

    Салата каде се одржал симпозиуот е исчистена, исто како и Клиниката за кожни болести.

    Во моментов се тестираат осум лица за коронавирус.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира