ДИК ГИ ОДБИ СИТЕ 43 ПРИГОВОРИ ЗА ПРВИОТ КРУГ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    ДИК ГИ ОДБИ СИТЕ 43 ПРИГОВОРИ ЗА ПРВИОТ КРУГ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИПротив одлуките на ДИК, партиите во рок од 24 од приемот на решенијата можат да поднесат жалба до Управниот суд. - Од гласањето на 15 октомври (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сите 43 приговори поднесени за гласањето во првиот круг од локалните избори се одбиени од Државната изборна комисија на маратонската седница, која што почна вчера во 10 часот и заврши утрово, објави агенцијата „Мета“.

    Од вкупно 43 приговори по кои што одлучуваше ДИК, 40 беа поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, и по еден од ТМРО, Алијанса за Албанците и Левица.

    Против одлуките на ДИК, партиите во рок од 24 од приемот на решенијата можат да поднесат жалба до Управниот суд, кој, пак, е должен по приемот на жалбата да донесе одлука во рок од 48 часа.

    Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира