ДИК ОДБИ СЕДУМ ПРИГОВОРИ НА БЕСА, НА РЕД Е ОСМИОТ, А ПОТОА ПРИГОВОРИТЕ НА СДСМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИК ОДБИ СЕДУМ ПРИГОВОРИ НА БЕСА, НА РЕД Е ОСМИОТ, А ПОТОА ПРИГОВОРИТЕ НА СДСМ

    Мнозинството во Државната изборна комисија одби седум од вкупно осум приговори на Беса за изборни нерегуларности во врска со гласањето на парламентарните избори во неделата. На ред е осмиот приговор, кој се однесува на избирачко место во Гостивар и за него има шанси ДИК да го прифати.

    Пред да отидат на пауза, членовите на ДИК се согласија да се пребројат гласачките ливчиња од оспореното место, бидејќи и во записникот на Избирачкиот одбор е внесено оти гласачка, кога дошла да го оствари правото на глас, видела дека некој претходно гласал во нејзино име. Комисијата одлучи да се повикаат на седница и сите членови на Избирачкиот одбор на спорното гласачко место, а потоа ќе одлучи дали ќе го усвои приговорот и дали таму ќе има прегласување. Приговорите на Движењето Беса главно беа отфрлени дека немало поднесено докази за нерегуларностите во прилог.

    „А што можевме да направиме? Требаше да фотографираме групно и јавно гласање, притисоци и агитирање? Тоа не е дозволено да се прави на избирачките места. Вашите претставници во избирачките одбори не сакаа да ги нотираат нашите забелешки во записниците”, рече претставникот на Беса во ДИК

    По одлуката за овој, последен приговор на Беса, следуваат осумте приговори на СДСМ. До полноќ ДИК мора да одлучи и за нив. Пред ДИК засега е мирно, но МВР поставуваше железни огради.

    С.К. Делевска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира