ДИМИТРОВ И ЦАРОВСКА НОСИТЕЛИ НА ЛИСТАТА НА СДСМ ВО ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

    ДИМИТРОВ И ЦАРОВСКА НОСИТЕЛИ НА ЛИСТАТА НА СДСМ ВО ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦАВо тек е конгресот на СДСМ, на кој треба да се изберат се утврдат 120-мината кандидати за пратеници. - Мила Царовска (Фото: СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска ќе бидат носители на кандидатската листа на коалицијата предводена од СДСМ во првата изборна единица на парламентарните избори на 12 април, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од високи партиски извори. Како што претходно најавија од партијата, коалицијата на СДСМ во секоја изборна единица ќе има машко-женски тандем како носители на листата.

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе биде носител во четвртата изборна единица, заедно со кандидатка од коалиционен партнер. Во втората изборна единица, носители ќе бидат техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и координаторот на пратеничката група Јован Митревски ќе бидат носители во петтата изборна единица. Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и пратеничката Јагода Шахпаска ќе бидат носители во третата изборна единица и во шестата изборна единица носители ќе бидат лидерот на Беса Биљал Касами и Фаница Николоска од СДСМ.

    Во тек е конгресот на СДСМ, на кој треба да се утврдат 120-мината кандидати за пратеници.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира