ДИМИТРОВ И ИВАНОВ ДОГОВОРИЛЕ ПРВА ТУРА АМБАСАДОРИ

    ДИМИТРОВ И ИВАНОВ ДОГОВОРИЛЕ ПРВА ТУРА АМБАСАДОРИМоментално, околу 15 амбасади во странски држави и постојани дипломатски мисии немаат амбасадори. За дипломатската работа се грижат вршители на должност. Во 2018 ќе се испразнат уште 20 дипломатско -конзуларни претставништва.(Фото.СДК:МК)

    Во финална фаза сме со претседателот на државата Ѓорге Иванов за договор за пополнување на првата тура на испразнети амбасадорски места, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на отчетот од неговата работа како министер.

    „Имаше неколку средби. Би рекол дека со претседателот Ѓорге Иванов сме во финална фаза за испраќање на првата рунда македонски амбасадори. Наследив лоша ситуација во министерството, балансот меѓу дипломатите од кариера и политичките беше во корист на политичките. Имаше и луѓе кои беа запослени неколку месеци пред да бидат испратени за амбасадори. Се работи на пополнувањето и на другите места во дипломатските мисии“, одговори на новинарско прашање Димитров.

    Моментално, околу 15 амбасади во странски држави и постојани дипломатски мисии немаат амбасадори. За дипломатската работа се грижат  вршители на должност.  Во 2018 ќе се испразнат уште 20  дипломатско -конзуларни претставништва.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира