ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ВО БРИСЕЛ ДОГОВОРИЛЕ РАМКА ЗА СПОРОТ ЗА ИМЕТО

    ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС ВО БРИСЕЛ ДОГОВОРИЛЕ РАМКА ЗА СПОРОТ ЗА ИМЕТОДимитров вчера во Брисел имаше средба со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносни прашања Федерика Могерини, а утрово имаше работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ (Фото: Фејсбук)

    Министрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров синоќа во Брисел договориле рамка за спорот за името и во моментов на неа во Атина работат правни тимови на двете министерства.

    „Имавме продуктивна средба, имаме рамка што треба да се доработи и на неа во моментов правни тимови од двете министерства во Атина работат. Се планира важен разговор на премиерско ниво, Заев со Ципрас кон средината на оваа недела, каде се надеваме дека ќе се пресечат некои важни работи од опциите што се во игра. Мислам дека тоа треба да го оставиме на премиерите. Видовме колку комуникациите околу процесот влијаат врз него, го имаме веќе тоа искуство да му дадеме шанса на процесот“, изјави за државната агенција МИА министерот Никола Димитров.

    Димитров вчера во Брисел имаше средба со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносни прашања Федерика Могерини, а утрово имаше работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

    Грчкиот весник „Катимерини“ вчера објави дека Атина и Скопје повторно бараат име за севкупна употреба по неуспехот двете страни да се согласат за Илиденска Македонија, а според добро информирани извори, на преговарачката маса е ново име поврзано со Крушево, име кое сè уште не е откриено во јавноста.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира