ДИМИТРОВ ПРЕДЛАГА НА АМБАСАДОРИТЕ КОИ СЕ ПОЛИТИЧКО РЕШЕНИЕ ДА ИМ ПРЕСТАНЕ МАНДАТОТ ПО ПРОМЕНА НА ВЛАСТА

    ДИМИТРОВ ПРЕДЛАГА НА АМБАСАДОРИТЕ КОИ СЕ ПОЛИТИЧКО РЕШЕНИЕ ДА ИМ ПРЕСТАНЕ МАНДАТОТ ПО ПРОМЕНА НА ВЛАСТАСо Предлог-законот за надворешни работи се предвидува и 75 отсто од амбасадорите да бидат дипломати од кариера. (Фото: СДК.МК)

    Амбасадорите кои се политички решенија, со промена на власта да им престане мандатот, се предлага со новиот Предлог-закон за надворешни работи. Со новиот Закон исто така се предвидува 75 отсто од амбасадорите да бидат дипломати од кариера односно дипломати вработени во Министерството за надворешни работи.

    Со ова решение од Министерството за надворешни работи сакаат што поголем број од лицата кои ќе бидат испратени за амбасадори да бидат дипломати, а помал дел политички решенија на партиите на власт.

    „За да нема проблем во креирањето на надворешната политика, по промена на власта мандатот на амбасадорот кој е предложен како политичко решение да престане. Ова нема да важи за кариерните решенија“, велат од Министерството за надворешни работи.

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека изминативе 2,5 години направен е голем скок кон професионализација на кандидатите испратени за амбасадори.

    „За мене како министер посебно беше важно да има повеќе кариерни решенија, што работеле во МНР многу години. 87,5 проценти се кариерни решенија, со над 20 години дипломатски стаж. Имаме и политички решенија, но драстично помалку за разлика од минатиот период кога процентот на кариерни решенија беше 33 отсто. Јас како министер се залагам за кариерни решенија, но морам да истакнам дека и политичките фактори во владината коалиција имаат кредит бидејќи овозможија волкав процент на кариерни решенија. Задоволен сум од балансот. Можеби јас сам да одлучував ќе имаше поголем број на кариерни решенија“, рече Димитров.

    За Димитров следните неколку фокусот ќе биде Европската Унија и ги повика политичките партии во Собранието да најдат сили и визија да се донесе Законот за јавно обвинителство, што ќе ја зајакне позицијата на земјата за добивање датум за почетокот на преговорите со Европската унија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира