ДИРЕКТОРОТ И ГЛАВНИОТ УРЕДНИК НА МРТВ НЕ КАЖУВААТ ЗОШТО ЈАВНИОТ СЕРВИС НЕМАШЕ ДИРЕКТЕН ПРЕНОС ОД ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

    ДИРЕКТОРОТ И ГЛАВНИОТ УРЕДНИК НА МРТВ НЕ КАЖУВААТ ЗОШТО ЈАВНИОТ СЕРВИС НЕМАШЕ ДИРЕКТЕН ПРЕНОС ОД ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈАДодека траеше историското потпишување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, на јавниот сервис одеше музичко интермецо (Фото: СДК.МК)

     

    Јавниот сервис Македонска радио-телевизија (МРТВ) го бојкотираше директниот пренос од посетата на премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов и делегацијата, што е прва официјална посета на Македонија од странски премиер во мандатот на премиерот Зоран Заев и воопшто на државата. Немаше директен пренос ни од потпишувањето на историскиот договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, кој се градел најмалку 10 години и во кој влог има и опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, која, впрочем, и го има назначено моменталното раководство на јавниот сервис.

    Од први јануари Бугарија го презема претседателството со Европската унија.

    Како раководството на МРТВ проценило дека не е јавен интерес да го пренесува во живо овој настан, го прашавме генералниот директор Марјан Цветковски, кој ни изјави дека е на годишен одмор и оти ниту е прашан, ниту консултиран околу известувањето на МРТВ за дводневната посета на премиерот на Република Бугарија. Не упати прашањата да ги упатиме до Диме Ратајковски, главниот и одговорен уредник на МРТВ.

    По смс, бидејќи не одговори на мобилниот, го прашавме Ратајовски зошто немаше директен пренос од пречекот на Борисов со највисоки почести на платото пред Владата, како ни од потпишувањето на договорот за добрососедство и прес-конференцијата на која се обратија тој и премиерот Заев.

    Добивме назад смс порака од него: „Ќе ви јавам после 17 часот“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира