ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА ВИКТОР КАМНАР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА ВИКТОР КАМНАР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА„Останувам да работам на Клиниката и на Медицинскиот факултет“ - д-р Виктор Камнар (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Клиниката за ортопедија д-р Виктор Камнар се повлекува од функцијата, потврди тој за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    „Се повлекувам од директор, останувам да работам на Клиниката и останувам да предавам на Медицинскиот факултет“, вели Камнар. Тој утрово ги информирал колегите дека се повлекува од раководната позиција поради лични причини.

    Клиниката за ортопедија е дел од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Директор на ТОАРИЛУЦ од почетокот на месецов е д-р Александар Трајановски, специјалист ортопед од истата клиника. Претходно директор на ТОАРИЛУЦ беше Илир Хасани, кој како претставник на ДУИ стана заменик министер за здравство.

    Камнар беше директор на Клиниката за ортопедија нешто повеќе од три години.

    Министерството за здравство нема соопштено кој ќе биде нов директор на Клиниката за ортопедија.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира