Од полноќ цената на бензините се намалува за 2 денари, а на дизелот за зголемува за 1,5 денар за литар.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од први јуни 2026.
Од полноќ цената на моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 95,86 денари, на моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98,88 денари, на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87 денари, на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89 денари и на мазутот М-1 НС 47,297 денари за килограм.



