ДНЕВНАТА БОЛНИЦА НА КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА РЕНОВИРАНА И СО НОВА ОПРЕМА

    ДНЕВНАТА БОЛНИЦА НА КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА РЕНОВИРАНА И СО НОВА ОПРЕМАПокрај реновирањето, за дневната болница на Клиниката за хематологија обезбедени се нови апарати и опрема кои ќе овозможат здравствена нега на значително повисоко ниво, како и најсовремени апарати за стерилизација на воздухот, од особена важност за пациентите и персоналот и целосно почитување на стандардите за заштита од ковид-19, велат од Министерството за здравство. (Фото: Министерство за здравство)

    Комплетно е реновирана дневната болница на Клиниката за хематологија. По долги години, целосно се подобрени условите на одделот каде што се спроведува дијагностика, терапија и долгогодишна контрола на пациентите со разни хематолошки, малигни и немалигни сериозни заболувања, соопшти Министерството за здравство.

    „Покрај реновирањето, за дневната болница на Клиниката за хематологија обезбедени се нови апарати и опрема кои ќе овозможат здравствена нега на значително повисоко ниво, како и најсовремени апарати за стерилизација на воздухот, од особена важност за пациентите и персоналот и целосно почитување на стандардите за заштита од ковид-19“, велат од Министерството за здравство.

    Од самиот почеток на пандемијата со ковид 19, во дневната болница непречено се реализираа сите медицински услуги во две смени, по претходно точно утврдени препораки за пациентите да се чувствуваат безбедно и сигурно на Клиниката. Со строго запазени протоколи, до крајот на јули годинава реализирани се вкупно 9.310 болнички денови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира