ДО 10 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 6.05 ОТСТО ОД ИЗБИРАЧИТЕ

    ДО 10 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 6.05 ОТСТО ОД ИЗБИРАЧИТЕНајголема излезеност има во Општините Прилеп 11,05 отсто, Свети Николе 11,48 отсто, Пехчево 10,22 отсто, Новаци 10,63 отсто и Демир Хисар 10,12 отсто. (Фото: К. Попов)

    До 10 часот на избирачките места за избор на претседател гласале 6.05 осто или 80.569 од запишаните избрачи. Од Државната изборна комисија (ДИК) на првата прес-конференција утрово кажаа дека до сега изборниот ден се одвива мирно и без инциденти.

    Во Општина Боговиње едно гласачко место било отворено со еден час задоцнување, а на едно избирачко место во Општина Студеничани гласањето денеска нема да се одржи бидејќи и по доцнење од три часа не е почнато.

    Најголема излезеност има во Општините Прилеп 11,05 отсто, Свети Николе 11,48 отсто, Пехчево 10,22 отсто, Новаци 10,63 отсто и Демир Хисар 10,12 отсто.

    Најмала излезеност до 10 часот има во Општините Липково 0,79 отсто, Боговиње 1,79 отсто, Долнени 1,85 отсто, Желино 1,82 отсто и Пласница 1,58 отсто.

    Гласачките места се отворени до 19 часот. Право на глас имаат 1.808.131 избирач. За победа во првиот круг е потребно мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира