ДО 13 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 19,89 ОТСТО ОД ИЗБИРАЧИТЕ, НАЈГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ПРИЛЕП

    ДО 13 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 19,89 ОТСТО ОД ИЗБИРАЧИТЕ, НАЈГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ПРИЛЕППокрај за претседател денеска во Општините Охрид, Ново Село и Дебар се гласа и за избор на нов градоначалник.(Фото: К.Попов)

    19.89 отсто е излезноста до 13 часот во првиот круг на претседателските избори, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК). Од обработени 95,86 проценти од гласачките места, до 13 часот гласале 344.784 од запишаните избирачи.

    Најголема излезност има во Општините Прилеп 35,05 отсто, Новаци 33,12 отсто,  Свети Николе 31,10 отсто, Неготино 29, 02 осто, Пробиштип 30,60 отсто, Пехчево 10,22 отсто, Новаци 10,63 отсто и Демир Хисар 10,12 отсто.

    Најмала излезност до 13 часот има во Липково 5,43 отсто,  Желино 6,62 отсто и Врапчиште со 7,5 проценти.

    Од Државната изборна комисија на втората прес-конференција кажаа дека изборите се одвиваат мирно и без инциденти, а не се гласа само на едно изборачко место во Студеничани.

    Покрај за претседател денеска во Општините Охрид, Ново Село и Дебар се гласа и за избор на нов градоначалник.

    Гласачките места се отворени до 19 часот. Право на глас имаат 1.808.131 избирач. За победа во првиот круг е потребно мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

    А. АНТЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира