ДО 17 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 38,25 ОТСТО, 4 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ВО ПРВИОТ КРУГ

    ДО 17 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 38,25 ОТСТО, 4 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ВО ПРВИОТ КРУГПретседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски на прес-конференцијата за излезноста до 17 часот кажа дека очекува да биде надминат цензусот од 40%. - Од гласањето во вториот круг во Центар (Фото: К. Попов)

    Во вториот круг од претседателските избори денеска до 17 часот на гласање излегле 38,25 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија.

    Од обработени 99,42 отсто од 3.512 избирачки места, тоа се 687.683 гласачи од вкупно 1.808.131 граѓани запишани во избирачкиот список.

    Во првиот круг, излезноста до 17 часот беше 34,41 отсто, што се нешто над 620 илјади гласачи. За да биде успешен вториот круг, неопходно е да гласаат 40 отсто од избирачите, односно 723.252 гласачи. Избирачките места се отворени до 19 часот.

    Во Ново Село и Охрид денеска се одржува и вториот круг од изборите за градоначалник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира