ДО ГРАЃАНИТЕ СЕ ИСПРАЌААТ СМС ПОРАКИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРИЈАВА ОД УЈП, ОТТАМУ ПРЕДУПРЕДУВААТ ДЕКА Е ИЗМАМА

    ДО ГРАЃАНИТЕ СЕ ИСПРАЌААТ СМС ПОРАКИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРИЈАВА ОД УЈП, ОТТАМУ ПРЕДУПРЕДУВААТ ДЕКА Е ИЗМАМАПринтскрин од лажната веб страницата која не треба да се отвара. (Фото: УЈП)

    Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до граѓаните да не ги отвораат СМС пораките со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https: ujp-gov.mk/potvrda. Од УЈП велат дека од граѓаните до кои стигнуваат вакви пораки се бара на лажна веб страница да внесат лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачат слика од личната карта и предупредуваат дека овие податоци може да бидат злоупотребени.

    „УЈП информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https: ujp-gov.mk/potvrda. Граѓани, никако не отварајте ја оваа лажна веб страница, бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка, и да прикачите слика од вашата лична карта. Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница може да предизвика нивна злоупотреба“, велат од УЈП.

    За веб страницата велат дека е лажна и не e во сопственост на Управата за јавни приходи.

    „Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба“, додаваат од УЈП.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира