ДО КРАЈ НА ДЕКЕМВРИ СИТЕ БРОИЛА ЌЕ БИДАТ СЕТИРАНИ ЗА ЕВТИНА СТРУЈА, ВЕЛАТ ОД ЕВН

    ДО КРАЈ НА ДЕКЕМВРИ СИТЕ БРОИЛА ЌЕ БИДАТ СЕТИРАНИ ЗА ЕВТИНА СТРУЈА, ВЕЛАТ ОД ЕВНЕвтината тарифа ќе старува од 1 декември. (Фото: СДК.МК)

    До крајот на декември сите броила ќе бидат сетирани на евтината дневна тарифа која треба да стартува од декември. Менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски кажа дека дел од броилата се т.н. смарт броила, тие ќе се сменат преку ноќ и веќе од 1 декември околу 200.000 корисници ќе имаат веќе сетирани тарифи, а другите би биле во текот на месецот.

    Сите оние броила што ќе бидат достапни ќе бидат сетирани во текот на декември, а колку вкупно броила ќе бидат сетирани ќе зависи од достапноста на броилата. Сите броила што се достапни ги читаме еднаш месечно и сите тие ќе бидат сетирани, бидејќи тоа оди оптички со еден уред се оди од броило до броило и при читањето софтверот ги сетира како што треба да се сетира“, вели Салтировски.

    Салтировски вели дека во викенд куќи не можеме да се сетира броилото ако куќата е затворена.

    Ако луѓето се на работа, а не се дома, а броилото е внатре не можеме да го сетираме. Во Арачиново броилата се надвор и таму со сигурност ќе бидат сетирани затоа што во изминатиов период тој проект е завршен“, рече Салтировски.

    Министерот Бектеши потсети дека одлуката за воведување на евтина дневна тарифа на електричната енергија ја носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) кое е независно тело.

    Воведувањето на дневна евтина тарифа е поврзано со производството, со капацитетот на ЕСМ за да произведува струја во тие пикови. Согласно анализите кои се направени одлучивме сите заедно евтина дневна тарифа да биде воведена на 1 декември. Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да имаат евтина дневна тарифа од 1 декември да им дозволат пристап на службите на ЕВН до броилата за да можат да интервенираат. Ако броилото не е достапно тоа ќе биде сетирано од наредниот месец, рече Бектеши.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира