ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ЌЕ СВИКАМ ЛИДЕРСКА СРЕДБА, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ЌЕ СВИКАМ ЛИДЕРСКА СРЕДБА, РЕЧЕ ЗАЕВЗаев и Мицкоски на лидерска средба лани во Владата. (Фото: Влада)

    Премиерот Зоран Заев денеска најави дека до крајот на годинава ќе се одржи лидерска средба. На прес-конференција за 100 дена Влада, Заев кажа дека ако претседателот Стево Пендаровски не свика средба со лидерите на политичките партии, тоа ќе го стори тој.

    „Лидерска средба ќе има заради европските интеграции на земјава и состојбата со ковид-19. Исто така почнуваме со проектот за изградба на нов Клинички центар во Скопје и добро е и опозицијата да биде вклучена во еден вакво капитален проект за нашата земја“, рече Заев.

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски минатата недела побара веднаш да се свика лидерска средба за да се разговара за актуелната политичка, здравствена, образовна, економска ситуација во земјава.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира