ДОДЕКА ДНЕВНО ИМА ПО 300 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОЛЕСНАТ СИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ САЛИ

    ДОДЕКА ДНЕВНО ИМА ПО 300 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОЛЕСНАТ СИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ САЛИНе можам да кажам дека сме сосема задоволни од одѕивот за вакцинација, вели Сали. (Фото: СДК.МК)

    Додека имаме секојдневно по триста новозаразени од ковид-19 не може сите рестриктивни мерки одеднаш да се олабават, рече министерот за здравство Беким Сали запрашан дали пред Денот на здравјето, 7 Април ќе бидат укинати сите мерки за заштита од коронавирус.

    „Уште кога ја примив оваа функција посакувам секој ден да биде денот кога ќе кажеме веќе нема рестриктивни мерки. Тоа е желбата. Но, доколку ние секој ден имаме по 300 новозаразени жители од државата тоа значи дека вирусот сè уште постои и ја чека најмалата можност да се развива, а потоа при почеток на развивање ни одзема недела до две за да можеме да стопираме. На секоја седница на Комисијата за заразни болести нешто олеснуваме, но не може сè одеднаш“, рече министерот.

    За процесот на вакцинација истакна дека има одѕив, но не се сосема задоволни.

    „На секој пункт добиваме нови кандидати за вакцинација, но не можам да кажам дека сме сосема задоволни од одѕивот зашто нашите очекувања се да се зголеми процентот на многу вакцинирани, а со тоа да се почувствуваме и побезбедни. Уште не е завршена акцијата за вакцинација за да можеме да кажеме колку процентот е зголемен, но минимално е“, рече Сали.

    Тој денес даруваше крв во рамки на крводарителската акција во Чифте амам во Старата чаршија по повод престојниот Ден на здравјето. Меѓу другото, беше истакнато дека лицата кои прележале ковид со лесни симптоми можат да даруваат крв за 14 дена, а оние со клиничка симптоматологија по четири недели.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира