Скопското обвинителство од Кривичниот суд побарало да се одложи судењето против четворицата обвинети за киднапирање и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, за да го додаде во обвинението и главниот осомничен Љупчо Палевски-Палчо, соопшти Судот.
Истрагата против Палевски завршила и сега место посебно обвинение за него, бидејќи беше избеган во Турција, Обвинителството сака да го додаде кај другите обвинети, што ќе одзеде еден месец, колку што се неговите законски права за приговори во обвинението.
Така што, на 30 јули судењето за четворицата нема да почне, поради што Кривичниот суд Скопје ги отповикал сите наредби за спровод на овие лица кои се во притвор, односно во домашен притвор и ќе закаже ново рочиште.
С. К. ДЕЛЕВСКА