ДОЈАВА ЗА БОМБА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ, ВО НЕКОЛКУ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ И ХОТЕЛИ

    ДОЈАВА ЗА БОМБА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ, ВО НЕКОЛКУ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ И ХОТЕЛИОд Кабинетот на претседателот велат дека денеска тој ќе ги извршува редовните работни обврски согласно планираната агенда на активности.(Фото: СДК.МК)

    Закани за поставени бомби утрово пристигнаа на неколку локации во Скопје меѓу кои и во Вилата Водно на претседателот Стево Пендаровски.

    Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи дојави  за поставена експлозивна направа се стигнати до Музеј на Град Скопје, Природнонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на македонската борба, Спомен куќа на Мајка Тереза, Градски трговски центар, ТЦ „Ист гејт“, ТЦ „Бисер“, во зградите Флетајрон, Џевахир, во Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и Фудбалксата федерација на Македонија. Добиени се пријави и за упатени закани за бомби во 11 училишта во Скопје.

    „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

    Од Кабинетот на Пендаровски велат се почитуваат насоките на Министерството за внатрешни работи и примената на стандардните протоколи во вакви прилики, а претседателот денеска ќе ги извршува редовните работни обврски согласно планираната агенда на активности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира