ДОЛГА Е РАКАТА НА ЕРДОГАН: И МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЗАТВАРА ФИРМИ НА ЃУЛЕНИСТИ?

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДОЛГА Е РАКАТА НА ЕРДОГАН: И МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЗАТВАРА ФИРМИ НА ЃУЛЕНИСТИ?

    Министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера потврди дека одлука има, но не даде јасен одговор на прашањето што одлучила македонската влада пред три дена, по барањето на Турција за затворање школи, универзитети и фирми во Македонија поврзани со свештеникот Фетулах Ѓулен.

    „Македонија единствено ги поддржува демократски избраните институции на Турција и во тој поглед ќе соработуваме со владата во Анкара во насока на помагање и на остварување на нивните цели, секако во рамките на нашето законодавство и во рамки на нашите интереси“, рече Попоски и додаде:

    „Во поглед на прашањето за одлука на влада: да, владата има донесено одлуки. Сите одлуки што би ги носеле и ќе го носиме ќе бидат во согласност со нашето законодавство и со нашите национални интереси. Тоа било и ќе биде“, рече Попоски.

    Турските власти го обвинуваат Ѓулен, кој живее во САД, дека стои зад неуспешниот обид за воен удар во Турција, извршен на 15 јули. По ударот, турските власти, суспендираа и отпуштија околу 80.000 професори, судии, обвинители, полицајци, војници, дипломати и други државни службеници.

    Кон крајот на јули турската влада побара од неколку балкански земји да ги затворат училиштата за кои се сомневаат дека се поврзани со движењето Хизмет на Ѓулен, но Албанија и Косово веќе го одбија таквото барање. Турската агенција Анадолија крајот на јули објави список со фирми во Македонија кои се сметаат за блиски до Ѓулен, на кој беа седум училишта, а функционирале и фирми за транспорт, трговија, здравство и туризам. Први на листата, според агенцијата, се основните и средните училишта „Јахја Кемал“ во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и во Струмица, а следат неделникот „Заман Македонија“, организацијата „Седеф“, туристичката агенцијата „Башак“, транспортната компанија „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР во Скопје.

    Колеџот Кемал Јахја вчера на својата Интернет страница објави дека нема да биде затворен туку дека е подготвен за старт на новата учебна година, а вестите за затварањето ги нарече дезинформации и невистини. Дирекцијата на колеџот ја цитира изјавата на на министерот за образование и наука на Пиштар Лутфиу, дадена на Алсат на 5 август дека „ ’Јахја Кемал’ функционира во рамките на законските прописи и ги поседува сите потребни дозволи за вршење на воспитно­образовна дејност, а тоа е она што нас како министерство нé интересира. Учениците од оваа училиште со своите дипломи се регистрират во највисоко рангираните универзитети“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира