ДРАГО МИ Е ШТО ДУИ ЗАВРШИ СО ЕТНИЧКАТА АГЕНДА, РЕЧЕ ЗАЕВ ЗА НАЈАВАТА НА АХМЕТИ ДЕКА СТАНУВААТ ЗЕЛЕНА ПАРТИЈА

    ДРАГО МИ Е ШТО ДУИ ЗАВРШИ СО ЕТНИЧКАТА АГЕНДА, РЕЧЕ ЗАЕВ ЗА НАЈАВАТА НА АХМЕТИ ДЕКА СТАНУВААТ ЗЕЛЕНА ПАРТИЈААхмети вчера најави дека ќе се фокусираат на решавање на еколошките проблеми на граѓаните. (Архивска фотографија)

    Драго ми е што најголемата албанска партија ја заокружува етничката агенда и зборува за граѓаните, рече премиерот Зоран Заев откако вчера ДУИ најави дека стануваа зелена партија.

    Заев рече дека на оваа влада приоритет се зелените проекти и проблемите на граѓаните и добро е што тоа е воочено и од најголемата албанска партија.

    „Кога политичарите јавно излегуваат и го даваат својот збор тогаш тоа значи завет пред граѓаните и обврска тој да се исполни. Мене ми е драго што можам денеска да искоментирам дека најголемата албанска политичка партија заокружува етничка агенда и дека зборуваме за граѓаните. Доста беше Албанци, Македонци, Срби, Турци, Власи, граѓани имаме. Сакам да го поздравам овој исчекор бидејќи доаѓа од најголемата владеачка албанска партија“, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање на увидот на градежните работи на патот Кавадарци-Дреново.

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера на одбележувањето на 19. роденден на партијата кажа дека ДУИ се траснформира и станува зелена партија откако изминатиот период ги решиле сите прашања на Албанците од Рамковниот договор. Според него, загадувањето на животната средина е загрозување на безбедноста на граѓаните и затоа ќе работат „да станеме регионални и европски лидери во зелената еколошка политика“.

    „Денеска ДУИ ја прегрнува целосно новата  еколошка, зелена агенда во говорот. Европската политика значи внимавање на чистиот воздух. Да внимаваме на тоа без оглед на етнички, партиски, социјални и други разлики, бидејќи дишеме ист  воздух, живееме во ист простор. Ние како ДУИ ќе бидеме столб на ваквата идна политика”, рече Ахмети.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира