ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА ГО ЧЕШЛА РАБОТЕЊЕТО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НА БАРАЊЕ НА АЛАЃОЗОВСКИ

    ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА ГО ЧЕШЛА РАБОТЕЊЕТО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НА БАРАЊЕ НА АЛАЃОЗОВСКИРевизорите доаѓаат во Министерството за култура по барање на министерот Роберт Алаѓозовски, за да може подетално да се испитаат сите документи и договори кои биле склучувани изминативе години (Фото:Влада)

    Државниот завод за ревизија, на барање на министерот за култура Роберт Алаѓозовски од утре ќе го испитува работењето на Министерството за култура изминативе години.

    Државните ревизори денеска дошле во Министерството, надлежните им ги предале потребните документи и веќе од утре ќе стартуваат со работа.

    Како што ни изјавија од кабинетот на министерот, ревизорите доаѓаат по негово барање, за да може подетално да се испитаат сите документи и договори кои биле склучувани изминативе години.

    „Ние уште пред два месеци побаравме ревизија на финансиското работење. Ревизија на финансиското работење не е извршена од 2011 годин,а а исплатени се милионски суми за проектот ‘Скопје 2014’. Исто така работна група која ја формираше министерот Алаѓозовски констатираше дека исплатата на средствата за проектите од областа на култура, во што се вкулучени и реализација на проекти кои се дел од годишните програми за работа на установите и проекти кои се дел од годишните конкурси на Министерството за култура, се движи во повеќе од  80 отсто реализација. Оваа реализација се должи на предвремената исплата на финансиски средства за проекти кои не се реализирани, оставајќи го министерството во тешка финансиска состојба“, велат од кабинетот на Алаѓозовски.

     

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира