ДУИ БАРА СОБРАНИСКИТЕ СЕДНИЦИ ДА СЕ ОДРЖУВААТ И ОНЛАЈН ЗА ДА НЕ СЕ МАЛТРЕТИРААТ ПРАТЕНИЦИТЕ СО КОВИД-19

    ДУИ БАРА СОБРАНИСКИТЕ СЕДНИЦИ ДА СЕ ОДРЖУВААТ И ОНЛАЈН ЗА ДА НЕ СЕ МАЛТРЕТИРААТ ПРАТЕНИЦИТЕ СО КОВИД-19Од владејачката партија апелираат до опозицијата да го разгледа нивниот предлог, за како што велат, да се заштити здравјето на пратениците и собраниската администрација и истовремено да не се блокираат важните процеси за земјата. - Лидерот на ДУИ Али Ахмети (архивска фотографија)

    ДУИ бара собраниските седници да се одржуваат и онлајн и во таа насока велат дека Собранието да ја разгледа можноста за изменување и дополнување на Деловникот за да се прецизира што значи зборот присуство на пратеници, без разлика дали е физичко или онлајн присуство.

    Од владејачката партија апелираат до опозицијата да го разгледа нивниот предлог, за како што велат, да се заштити здравјето на пратениците и собраниската администрација и истовремено да не се блокираат важните процеси за земјата.

    „Во сегашната регулатива на Собранието стои зборот ‘присуство’. ДУИ сака да се прецизира дека присуството на пратениците во Собранието може да биде физичко или онлајн. Не смееме да дозволиме малтретирање на пратеници кои моментално се погодени од КОВИД-19, да не ги натераме да преку посебен третман доаѓаат во седници и потоа да ги загрозуваме сите други. ДУИ не сака Собранието да дојде во ситуација да блокира важни процеси“, се вели во партиското соопштение.

    Од ДУИ бараат од опозицијата да ја земе предвид компаративната анализа на состојбата во регионот и пошироко во ваква ситуација со КОВИД-19, потсетувајќи дека Владата веќе започна да ги одржува своите седници преку Интернет.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира