ДУИ ЌЕ ГЛАСА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, АХМЕТИ ЌЕ ТРГНЕ ОД КИЧЕВО И ЗА ПОЛА СААТ Е ВО СОБРАНИЕ, КАЖА ГРУБИ

    ДУИ ЌЕ ГЛАСА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, АХМЕТИ ЌЕ ТРГНЕ ОД КИЧЕВО И ЗА ПОЛА СААТ Е ВО СОБРАНИЕ, КАЖА ГРУБИПратеникот на ДУИ Артан Груби кажа дека немаат разлики со СДСМ, туку вчерашното кочење на седницата настанало поради некоординираност. (Фото: К. Попов)

    ДУИ ќе гласа за Законот за Јавно обвинителство и за разрешување на Рашела Мизрахи уште одма ако треба. И претседателот Али Ахмети ќе тргне од Кичево и за пола саат е во Собрание, рече пратеникот на ДУИ Артан Груби денеска во Собранието.

    Изјавата на Груби доаѓа откако вчера генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на Фејсбук напиша дека ќе се формира нова парламентарно мнозинство ако продолжи блокирањето на законите. Пратеникот на ДУИ кажа и дека немаат разлики со СДСМ, туку вчерашното кочење на седницата настанало поради некоординираност.

    „Владата е тука поради гласовите на ДУИ. И на 12 април ДУИ ќе биде одлучувачки фактор. Не условуваме ниту еден закон, нека ги стават одма ќе ги гласаме“ рече Груби.

    И координаторот на СДСМ Јован Митревски рече сѐ додека ДУИ не го кочи донесувањето на Законот за Јавно обвинителство до распуштање на Собранието, нема да има проблем со коалицијата.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари